ЕВРОПСКИОТ ПРВАК ПАДНА ВО БРЕСТ

НЕСЛАВЕН РЕКОРД ВО ЛШ: Каков шампион е Монпелје?

На бранителот на титулата, Монплје никако да му тргне, по Вардар, мерка му зеде и Мешков Брест. 

објавено: 22 септември 2018 - 20:14

Монпелје пиша негативен рекорд во Лигата на шампионите, како прв бранител на титулата кој сезоната ја отворил со два порази во низа. По поразот од Вардар на домашен терен, францускиот тим загуби на гостувањето кај Мешков Брест со 26-23.

Монпелје во ниту еден момент не беше близу до победата, белорускиот состав буквално го надигра, на полувремето имаше позитива од 13-10, а во продолжение поведе и поубедливо.

По второто коло во групата А, Вардар и Мешков Брест се единствените екипи кој имаат две победи во исто толку одиграни натпревари. 

Најново во Ракомет