НЕКА БИДЕ МОТИВ ПОВЕЌЕ

Не му веруваат на овој состав, Вардар без шанси за фајнл-форот во ЛШ

На најновиот ранкинг на ЕХФ, Вардар не се најде ниту на списокот од десет екипи кои оваа сезона имаат големи шанси да се пласираат на фајнл-фор завршницата.

објавено: 10 септември 2018 - 16:03

Претходните две години името Вардар високо котираше во сите можни Топ-листи. Македонскиот првак не само што не се најде во Топ-5 клубови со најдобри резервни играчи, за него нема место ниту на оној „тесен" список од десет екипи кои имаат големи шанси да се најдат на фајнл-фор завршницата.

Иако „црвено-црните" две години по ред беа учесници во Келн и притоа една сезона станаа европски прваци, сепак ова не беше доволно да ги убедат новинарите и аналитичарите на ЕХФ дека и без Раул Гонзалез и сите оние ѕвезди кои заминаа можат да играат врвно.

Топ-10 листата на имиња кои се најблизу до Ф4, според составот ја предводи секако европскиот првак, Монпелје. Одличното издание на францускиот тим во подготвителниот период, како и освојувањето на Супер-купот и турнирот во Стразбург, е доволна најава дека ќе бидат одново на шампиоско ниво.

Второто место му припадна на Рајн Некар за кого настапува, Филип Талески, додека пак зад него е ПСЖ, предводен од Раул Гонзалез.

Комплетната Топ 10 листа може да ја видите на овој ЛИНК.

Најново во Ракомет