НЕГОВАТА НАЈГОЛЕМА ПОДДРШКА ГИ ЖИВЕЕ НАЈТЕШКИТЕ ДЕНОВИ

На Червар не му е до ракомет: Тешко ми е, имам уште една голема битка

Лино Червар во второто коло од Лигата на шампионите со својот ППД Загреб ја приреди најголемата сензација, го совлада Фленсбург на гостински терен. 

објавено: 23 септември 2018 - 09:45

И додека ракометна Европа на големо зборува за победата на ППД Загреб на гостувањето кај Фленсбург во рамките на вторто коло во Лигата на шампионите за Лино Червар во моментов ракометот не е на прво место.

Искусниот стратег во моментов се соочува со семејна драма, неговата најголема поддршка, сопругата е болна.

„Тешко ми е, имам уште една голема борба. Мојата сопруга е болна. Во животот ми беше најголема поддршка мора да бидам со неа кога е најтешко. Среќен сум што луѓето кои работат со мене го чувствуваат тоа и ми помагаат. На некои гостински мечеви ќе мораат да одат без мене“, изјави Червар за „Спортске новости“.

Најново во Ракомет