СОСЕМА ЗАСЛУЖЕНО

Монпелје е новиот крал на Европа

Монпелје е новиот европски првак, откако во финалето го совлада Нант (32-26) за кого настапува Кирил Лазаров. 

објавено: 27 мај 2018 - 19:37

Од Келн,

Марија Ковачева и Весна Николовска

Монпелје во следните 12 месеци ќе биде новиот владател на европскиот ракомет. Сосема заслужено, нивната игра во текот на целата сезона, како и екипите кои ги совлада на патот до Келн, каде го победија и Вардар, на крајот беше крунисана на најдобар можен начин, со златен медал. Во финалето новиот шампион го совлада Нант на Кирил Лазаров со 32-26 (16-13). 

Капитенот и неговиот тим на средната на второто полувреме успеа да изедначат (24-24), по доминацијата на противникот до овој дел од натпреварот, но немаа доволно сили за целосна сензација сезонава. И второто место за Нант е голем успех. 

Лазаров мечот го заврши со шест погодоци од девет обиди. Фабрегас и Симоне со по шест гола беа најефикасни кај новиот шампион. 

 

 

 

Најново во Ракомет