И НОВИОТ ГОЛМАН НА ВАРДАР ЌЕ ИМА ТЕШКА ЗАДАЧА

Милосављев: Не сум Штербик, ама ќе докажам дека Вардар не погреши

И Дејан Милосављев е еден од оние нови ракометари кои ќе имаат тешка задача. Српскиот репрезентативец ќе биде замената на Арпад Штербик, кој беше незаменлив на голот на македонскиот првак. 

објавено: 24 јули 2018 - 18:40

Арпад Штербик е еден од оние играчи кои долго време ќе биде врежен во срцата на фановите на Вардар. Факт кој на Дејан Милосављев, новиот голман, му е добро познат. Иако знае дека го тешка задача, српскиот репрезентативец најави дека ќе им докаже на челниците на „црвено-црните“ дека не погрешиле во нивната одлука.  

„Среќен сум што дојдов во Скопје, ова беше мојот сон што ми се оствари сега. Впечатоците се преубави и воодушевен сум од првите денови. Се надевам дека Вардар ќе го повтори успехот од претходните две сезони. Па јас ќе дадам се од себе да играм што повеќе, да покажам зошто дојдов овде и зошто баш Вардар ме одбра мене како наследник на Штербик. Се надевам ќе им вратам на довербата на челниците со добри партии. Вардар го гледам на врвот, но ќе одиме чекор по чекор и се надевам дека ќе стигнеме до Ф4", изјави Милосављев.

 

Најново во Ракомет