ГОЛМАНОТ ЈА ПОТЕНЦИРАШЕ НАЈСИЛНАТА ПРИЧИНА ЗА МОТИВИРАНОСТА

МИЛОСАВЉЕВ: Не смеевме да ги изневериме нашите навивачи

Првиот натпревар во елитата на домашен терен носи голем мотив за вардаровите ракометари.

објавено: 22 септември 2018 - 19:26

Голманот на Вардар, Дејан Милосављев, кој втор меч по ред во Лигата на шампионите е во центарот на вниманието, односно со 11 интервенции го заврши дуелот со Кристијанштад потенцираше.

„Монпеље веднаш го оставивме зад нас и се насочивме кон Кристијанштад. Знаевме дека тоа е тим кој игра добар и брз ракомет, на секој противник му создава проблеми и одлично се подготвивме за нив. Не смеевме да ги изневериме нашите навивачи. Го испочитувавме договорот, игравме од почеток до крај според поставената тактика и ќе се потрудиме така да биде и во следните натпревари од сезоната“, изјави чуварот на мрежата по втората победа на „црвено-црните“ во Лигата на шампионите.

 

Најново во Ракомет