ТИМОТ ОД АВТОКОМАНДА ГИ ДОБИ ПРОТИВНИЦИТЕ

Металург во старо друштво: Спортинг, Бешикташ, Чеховски Медведи...

Вториот македонски претставник во елтиното натпреварување ќе игра во групата Ц.

објавено: 29 јуни 2018 - 13:21

Вториот македонски претставник во елитното натпреварување, Металург ги доби имињата на противниците за новата сезона. Тимот од Автокоманда ќе игра во групата Ц против Силкенборг, Спортинг, Бешикташ, Чеховски Медведи и Татран Прешов. Ова значи дека Металург доби добро познати противници со голем дел од нив играше минатата сезона: Бешикташ, Чеховски Медведи, Спортинг и Татран Прешов.

Според последните најави „металурзите“ нема да ги предводи Лино Червар, хрватскиот стратег во понеделник ќе биде промовиран на клупата на ППД Загреб.  

Во групата Д се најдоа: Висла Плоцк, Адемар Леон, Елеверум, Вакер Тун, Динамо Букурешт и Кокс. 

Најново во Ракомет