ПРВАТА ПОБЕДА СЕЗОНАВА СЕ БАРА ВО ЕЛИТНАТА ПРЕМИЕРА ДОМА

МЕТАЛУРГ ЈА ИМА ФОРМУЛАТА: Бешикташ се добива со трпелива игрa

"Се надевам на добар резултат, со добра, паметна и трпелива игра во напад и агресивна одбрана", вели стратегот Данило Брестовац.

објавено: 23 септември 2018 - 11:45

По неславниот старт во Лисабон, шансата за поправен и за прва радост во Лигата на шампионите, Металург ќе ја има денеска (17:00) кога премиено сезонава ќе ги поздрави своите фанови во СЦ „Борис Трајковски" во елитното натпреварување во дуелот со Бешикташ.

Турскиот шампион е добро познат противник за "металурзите", кои и лани играа со нив во групата фаза. Бешикташ славеше и на двата натпревари иако Металург понуди достоен отпор.

Сега тимот предводен од Данило Брестовац бара шанса за поправен и за расчистување на сметките. Анализите на ривалот се во финализирани, а стратегот најавува дека ја има "формулата" да се победат Турците.

"Ќе се обидеме да победиме, да понудиме добар меч во 60 минути, не само 30 минути како што беше случај во мечот со Спортинг. Се надевам на добар резултат, со добра, паметна и трпелива игра во напад и агресивна одбрана", потенцира стратегот на Металург, Данило Брестовац.

Металург за првпат сезонава во комплетен состав ќе истрча на еден меч во кој ја бара првата радост не само во ЛШ, туку и воопшто сезонава.

Најново во Ракомет