ПО УБЕДЛИВАТА ПОБЕДА НАД МАКЕДОНСКИОТ ПРВАК

Мешков Брест се пофали: Го прочитавме Вардар, знаевме што ќе игра

„Ова е резултат на напорна работа. Вардар беше добро прочитан. Точно знаевме што ќе играат, од каде доаѓа опасноста и како да се одбраниме“, изјави асистентот Раул Алон. 

објавено: 26 август 2018 - 11:40

Денеска е последен ден од трунирот во Стразбур, први во 13 часот ќе истрчаат Вардар и Нант на Кирил Лазаров, кои ќе се борат за петото место. Македонскиот првак зад себе го има тешкиот пораз од Мешков Брест изразен во десет гола разлика 32-22. По триумфот над „црвено-црните“ од таборот на белорускиот тим кој пак ќе игра против Веспрем за третото место, се пофалија дека добро ја прочитале играта на Роберто Гарсија Парондо. 

„Ова е резултат на напорна работа. Вардар беше добро прочитан. Точно знаевме што ќе играат, од каде доаѓа опасноста и како да се одбраниме. Бевме многу дисциплинирани во одбрана и во првото полувреме примивме само 8 гола. Во вториот дел можевме да си дозволиме да играме да чуваме сили за мечот за трето место", изјави Раул Алонсо, асистенотот на Маноло Кадењас.

Вардар на овој турнир настапи без Игор Карачиќ и Вуко Борозан, кои се повредени, а на првиот меч против ПСЖ остана без услугите на Столе Стоилов, кој заработи скршеница на десната дланка и ќе пропушти неколку меча од СЕХА-лига и најверојатно стартот на Лигата на шампиони.

 

Најново во Ракомет