И ВИЦЕПРВАКОТ ИСТО КАКО И ШАМПИОНОТ

Македа и Кањелас ја уништија одличната партија на Лазаров

Нант ниту од втор обид не успеа да дојде до првиот триумф сезонава. Иако во поголем дел од мечот со Пик Сегед имаше водство, на крајот беше совладан со 30-28. 

објавено: 23 септември 2018 - 20:41

И вицепрвакот во Лигата на шампионите, Нант го забележа вториот пораз во новата сезона. Тимот на Кирил Лазаров иако имаше водство во голем дел од мечот со Пик Сегед на крајот беше совладан со 30-28. Едни од назаслужните за вториот триумф на унгарскиот тим беа екс-вардарците Хорхе Македа и Жоан Кањелас. 

По минималното водство на полувремето од 11-12, работите на теренот во свои раце ги зеде Лазаров. Со три гола во воведните минути беше најзаслужен што Нант имаше позитива од четири гола (12-16, 13-17 и 15-19). Унгарскиот тим не се предаде, предводен од екс-вардарците Македа и Кањелас се избори за неизвесна завршница, која им припадна на Унгарците.

Капитенот на македонската репрезентација на крајот имаше шест погодоци од седум обиди. Македа и Кањелас на другата страна имаа по пет гола. 

Најново во Ракомет