ЕКС-ВАРДАРЦИТЕ ИЗЛЕГОА ПРЕД МЕДИУМИТЕ

Македа бил воодушевен од публиката, затоа се одлучи за Пик Сегед

Уште двајца поранешни ракометари на златната генерација на Вардар тргнаа со новите клубови. 

објавено: 22 јули 2018 - 18:00

Шпанскиот тандем Жоан Кањелас и Хорхе Македа во новата сезона ќе ги гледаме во дресот на Пик Сегед. Унгарскиот тим не е противник на Вардар во групната фаза, но бил можеле да се сретнат по завршување на истата. 

И за двајцата ова е прво искуство во унгарскиот шампионат, шпанскиот стратег на кормилото на Пик Сегед, Хуан Карлос Пастор е причината поради која Кањелас се одлучил за овој тим, додека пак за Македа главна улога имале фановите.

„Среќен сум што ќе бидам дел од овој клуб. Одличната атмосфера која ја прават фановите е една од причините поради која одлучив да дојдам тука“, изјави Македа. 

Најново во Ракомет