ТИМ НА КОЛО, НАЈДОБРИ ОДБРАНИ И ГОЛОВИ ВО ИЗБОРОТ НА ЕХФ ТВ

ЛШ: Милосављев во Топ 5 одбрани, нема „невозможен“ агол за Дибиров! (ВИДЕО)

Во дуел со два црвени картони, вкупно 24 минути исклучувања и игра полна со осцилации особено на македонскиот шампион, од гостувањето во Полска се враќа без бодови.

објавено: 15 октомври 2018 - 07:45

Келце победи со 31:27, што е прв пораз на Вардар сезонава во Лигата на шампионите. И покрај тоа што останаа без бодови, „црвено-црните" се на делба на првото место во групата.

Сега следува пауза поради ЕХФ репрезентативната недела, а потоа екипата на Парондо има два домашни натпревари на почетокот на ноември, против Мешков и Барселона.

Во меѓувреме традиционално после секое завршено коло во групната фаза на ЛШ, ЕХФ тв ги избира најдобрите пет голови и одбрани, како и тимот на колото.

Тимур Дибиров, руското лево крило на Вардар во Полска (шест голови) постигна еден неверојатен гол од својата позиција против Полјаците. Неговиот погодок се наоѓа на второто место.

НАЈДОБРИТЕ ПЕТ ГОЛОВИ НА КОЛОТО МОЖЕТЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Потоа, голманот на Вардар Дејан Милосављев на овој меч забележа девет одбрани (1 седмерец), а една од тие интервенции се најде и во Топ 5 одбрани на колото, поточно на петтото место. Во оваа категорија првопласиран е чуварот на мрежата на Елверум, Мортен Нергаард кој практично во последните секунди му го обезбеди триумфот на својот клуб.

НАЈДОБРИТЕ ПЕТ ОДБРАНИ НА КОЛОТО МОЖЕТЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Најново во Ракомет