ЕВРОПСКИОТ ПРВАК ПОКАЖА СИЛА

Лазаров и Нант одново паднаа пред Монпелје

Репризата на финалето во ЛШ во Стразбур повторно ја доби Монпелје, на дуелот против тимот на Кирил Лазаров славеше со 31-27 (15-15).

објавено: 23 август 2018 - 22:31

Нант не успеа да му се одмазди на Монпелје за поразот во финалето на Лигата на шампионите во првата пресметка пред стартот на новата сезона. Европскиот првак најави дека ќе биде уште посилен, титулата во елитното натпреварување дефинитивно ја зголеми самодовербата, вечерва во Стразбур им најави на остатите противници дека ќе имаат тешка задача. 

Ова најдобро го почувствува Нант за кого настапува капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, по нерешените 15-15 во првото полувреме, на крајот беше поразен со 31-27.

Вториот ден од меѓународниот турнир во Стразбур силите ќе ги одмерат Нант и Веспрем, а додека терминот од 20:30 часот е резервиран за дуелот меѓу Раул Гонзалез и Вардар. 

Најново во Ракомет