ПРЕСВРТ ВО ПОСЛЕДЕН ЧАС

Кузмановски сепак останува во Македонија, победи Еурофарм Работник!

Македонскииот репрезентативец Филип Кузмановски во секој момент го очекува потребниот документ за раскин на договорот со Металург. А битката за левиот бек на нашиот национален тим, на крајот ја доби амбициозниот тим од Битола.

објавено: 7 септември 2018 - 11:03

Филип Кузмановски одлучи, играњето во Лигата на Шпампионите да го замени со она во битолски Еурфорам Работник.

Уште од стартот битолчани му понудија „тежок" договор, сличен како оној од Мотор Запорожје, и на крајот македонскиот репрезентитивц се реши да остане во својот роден крај.
Кузмановски денеска очекува целосна разврска во случајот „Металург", а „Спортмедиа" дознава дека на сагата и дојде крајот. И дека од РФМ ќе го добие потребниот документ за раскин на договорот со тимот од Автокоманда.


Левиот бек одлучи и официјално да си замине од редовите на „металурзите", на неговата адреса, за кратко време, стигнаа голем број на понуди. Меѓу нив онаа од ППД Загреб на Лино Червар, и Мотор Запорожје, два тима кои настапуваат во Лигата на Шампионите, и кои за него беа одлична „отскочна даска" за напредок во кариерата.
Особено за собирање на репрезентативно искуство кое подоцна на Македонија ќе и биде потребно на СП 2019, на кое се очекува да даде многу повеќе од последното Европско првенство во Хрватска.
Во редот за потпис на договорот за Кузмзнановски застана и Железничар, предводен од Веселин Вујовиќ, како и Скјерн, но на крајот пресуди желбата на Кузмановски да остане дома.
Во текот на дешениот ден, најдоцна овој викенд, доколку не се случи некој пресвеет, се очекува раководството на Еурофарм Работник да ја реализира официјалната промоција на Филип Кузмановски како нивни нов играч, и едно од најголемите засилувања во текот на овој летен преоден рок.

 

Најново во Ракомет