ПРВИОТ ЧОВЕК НЕМАШЕ МНОГУ ИЗБОР

Келце превзема првите мерки за надминување на кризата, ќе има ли заминувања?

Полскиот вицепрвак е во големи финансиски проблеми, откако градот Келце одби да му помогне на клубот, челниците се принудени да ги направат првите чекори за надминување на кризата. 

објавено: 17 јули 2018 - 10:00

Од Полска и натаму доаѓаат лоши информации кога станува збор за еден од најдобрите клубови во Европа. Келце и натаму се бори да ја надмине финансиската криза, откако градот одби да му помогне на клубот со дополнителни 4,5 милиони злоти или еден милион евра, челниците на клубот беа принудени да ги направат првите чекори во битката за излез од тешката ситуација.

Како што се вели на официјалната страница на полскиот тим, платите на играчите дефинитивно ќе бидат намалени за 25% од договорената сума, овие мерки се превземени во согласност со ракометарите. Во меѓувреме претседателот, Бертус Сервас и управата на тимот решението го гледаат во барање на нови спонзори.

Како една од опциите за спасување на тимот беше Лука Циндриќ. Според неофицијални извори ПСЖ каде тренер е Раул Гонзалез испратил понуда од четири милиони евра за услугите на хрватскиот репрезентативец. Доколку има вистина во овие информации оваа сума на пари е повеќе од доволна за да Келце излезе од кризата.

Инаку полскиот тим кој и натаму има исти амбиции за новата сезона, е противник на Вардар во групната фаза во Лигата на шампионите.

 

Најново во Ракомет