ПРВИОТ ЧОВЕК НА ПОЛСКИОТ ТИМ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА

Келце потврди дека е во криза, бара пари од градот за спас на клубот! Циндриќ е план Б!

Информациите кои денови стигнаа од Полска, сепак се вистинити. Келце е во финансиска криза, а спасот го бара во самиот град. Доколку не добие помош од еден милион евра речиси сигурно ќе го продаде Лука Циндриќ на ПСЖ. 

објавено: 4 јули 2018 - 11:15

Келце се бори да остане на нозе. Чудно, но вистинито тимот кој секогаш бил меѓу најдобрите во Европа е во голема финансиска криза. Оваа информација ја потврди првиот човек на полскиот тим, Бертус Сервас пред новинарите. Веќе е испратено барање до самиот град за помош на клубот, кој во моментов има потреба од еден милион евра за да ја преживее сезоната и да ги подмири долговите кон играчите, кои се „трупаат“ од јануари, а веќе ги чека нови обврски.

Во целата приказна главно место има Лука Циндриќ. ПСЖ пред неколку дена испрати понуда до Келце од 4 милиони евра, сума со која полскиот тим не само што ќе излезе од кризата, туку и мирно ќе плови.

Дали Циндриќ во новата сезона ќе го носи дресот на ПСЖ каде тренер е Раул Гонзалез останува да биде познато. Челниците на клубот чекаат од одговор од градот - Келце, доколку нивното барање не биде исполнето во тој случај хрватскиот интернационалец ќе стане најплатениот играч во историјата на ракометот.

 

Најново во Ракомет