ПРЕД ФИНАЛЕТО, ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ СВЕТСКИ РАКОМЕТАРИ ОДЛУЧИ

КАРАБАТИЌ: Срцето ме влече – кон Франција

Во интервјуто за „Ле Фигаро", Никола Карабатиќ откри дека во финалето на Светскиот куп ќе навива за земјата чии бои ги брани...

објавено: 15 јули 2018 - 16:00

Инаку најдобриот ракометар на ПСЖ, веројатно и на светот, потврди дека на овој Мундијал навивал за три национални селекции од кои две се во финалето.

Неговиот покоен татко, Бранко е роден во едно место блиску до Трогир (Хрватска). Од таму отишол да игра ракомет во Ниш (Србија), каде ја запознал својата идна сопруга Радмила, а кога Никола имал три и пол години, се преселиле во Франција.

„Срцето ме влече кон Франција. Ова е финалето за кое сонував. Но, секогаш срцето малку ме боли кога играат Франција-Хрватска, или Србија-Франција, со оглед на тоа дека сум дете на српско-хрватски брак, а дојдов во Франција со неполни четири години. Се сеќавам на 1998 година, и полуфиналето на Светското првенство. Скокав кога беа дадени трите гола (Франција ја победи Хрватска со 2:1). Ќе бидам среќен и ако победи Хрватска. Горд сум на своите корени, но и на тоа дека сум Французин" - истакна Карабатиќ.

 

Најново во Ракомет