МАКЕДОНСКИОТ БОМБАРДЕР Е ВО ОДЛИЧНА ФОРМА

КАПИТЕНОТ Е СТРАВ И ТРЕПЕТ: Нова фантастична партија на Лазаров

Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров постигна шест гола во победата на Нант од 27-20 против Целје.

објавено: 14 октомври 2018 - 20:45

Нова фантастична партија на Кирил Лазаров во дресот на Нант. Капитенот на македонската репрезентација постигна шест гола во убедливиот триумф на францускиот тим над Целје од 27-20 (17-13) во рамките на петото коло во Лигата на шампионите. 

Кире кој беше прв стрелец во редовите на својот тим, пет од шестте погодоци ги реализираше во второто полувреме, имаше реализација од 60 отсто. 

За Нант ова беше само втора победа во Лигата на шампионите, по петото коло е на четвртото место на табелата зад Скјерн, Пик Сегед и ПСЖ.

Одличната форма на Лазаров посебно го радува селекторот Раул Гонзаез во пресрет на двата квалификациски дуели за пласман на ЕП 2020 година против Турција на домашен терен и Грција на гости. 

 

Најново во Ракомет