ДОПОЛНЕНИЕ НА ПОЗИЦИЈАТА ПИВОТ ВО ВАРДАР

Калараш е најновата вардарова аквизиција

Погодувате, станува збор за руски ракометар... Во Скопје доаѓа на почетокто на следната седмица, потврдија од клубот...

објавено: 17 август 2018 - 15:27

Рускиот репрезентативец Глеб Калараш е најновото засилување за македонскиот шампион.
Станува збор за еден корпулентен играч, кој со своите 205 сантиметри успешно настапува на позицијата пивот.
До пред некој ден, Калараш беше играч на германскиот Магдебург. Но незадоволен од актуелниот момент во Бундеслигашот, побарал, и многу брзо добил раскин на договорот по што уследи трансфер кај нашиот шампион.
Русинот е поранешен играч на Мотор Запорожје, а во Германија мина само една сезона.
По заминувањето на Мијајло МАрсениќ, јасно е дека на „црвено-црните" им беше потребен играч од ваков профил, кој ќе биде во „ротација" заедно со капитенот Стојанче Стоилов и Рожерио Мораеш

Најново во Ракомет