ХРВАТСКИОТ РАКОМЕТАР ОД РЕДОВИТЕ НА МЕТАЛУРГ

Јагањац прогласен за играч на колото во ЛШ (ВИДЕО)

Оваа сезона на македонскиот вицешампион тешко му оди во Лигата на шампионите, но затоа го има еден од најталентираните европски бекови.

објавено: 10 октомври 2018 - 15:01

Станува збор за Хали Јагањац кој блесна на последниот дуел во ЛШ во Данска Силкеборг постигнувајќи 10 голови.

Претходно хрватскиот ракометар се најде и во идеалниот тим на колото, а сега заврши и официјално заврши гласањето за избор на најдобар ракометар на четвртата рунда.

Да додадеме уште дека ракометарот на Металург моментно се наоѓа на делба на шестата позиција во листата најдобри стрелци со 25 голови, само четири помалку зад водечкиот Алекс Душебаев од редовите на Келце, поранешниот ракометар на Вардар.

Најново во Ракомет