ШПАНЕЦОТ ВО КЕЛН СЕ ЗБОГУВА

Гонзалез со порака: Горд сум на овој тим! Напред Вардар!

Раул Гоназлаез за последен пат го предводеше Вардар, тимот од кого направи шампион, иако кога дојде во Скопје никој не веруваше во него. 

објавено: 27 мај 2018 - 17:34

Од Келн,

Марија Ковачева и Весна Николовска

Раул Гоназлаез за последен пат го предводеше Вардар, тимот од кого направи шампион. Шпанскиот стратег за жал не успеа да го исполно големиот сон на сите нас, кои токму поради него станавме големи фанатици на ракомет и најважно горди Македонци.

Тимот кого следната сезона ќе го предводи, ПСЖ го совлада македонскиот шампион во битката за третото место. 

„Горд сум на овој тим. Со играчите функциониравме многу добро. Ја искачивме највисоката планина. Се надевам дека Вардар секогаш ќе оди напред и дека ќе има успеси. Напред Вардар!", рече Раул. Што се однесува за дуелот со ПСЖ, рече:

 

Честитки за ПСЖ. Ние одигравме одлично и во одбрана и во напад во првиот дел, но се почувствува замор во последните 15 минути од мечот и загубивме на крајот.
Двапати по ред бевме дел од Ф4, што е одлично за нас. Среќен, сум задоволен и честитки за играчите".

 

Најново во Ракомет