ПСЖ УБЕДЛИВ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН

Гонзалез без пардон, пораз за Пешевски

Раул Гонзалез во првиот меч на домашен терен во Лигата на шампионите славеше со убедливи. Жарко Пешевски и Мотор Запорожје запишаа нов пораз. 

објавено: 23 септември 2018 - 18:38

ПСЖ забележа уште еден убедлив триумф во Лигата на шампионите, прв за Раул Гонзалез пред домашната публика во ова натпреварување. Францускиот тим одигра без пардон, до крај го „толчеше“ Целје, на крајот славеше со 33-21.

„Светците“ заедно со Скјерн се двата единствени тима без пораз по второто коло во групата Б. Данскиот состав пред малку пред својата публика беше подобар од Мотор Запорожје за кого настапува Жарко Пешевски со 37-33 (19-14). Македонскиот репрезентативец постигна два гола од исто толку обиди. 

Второто коло ќе биде комплетирано со дуелот меѓу Пик Сегед и Нант за кого настапува Кирил Лазаров. 

 

Најново во Ракомет