ВТОРА ПОБЕДА НА „ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

ГАЗЕЊЕ: Кристијанштад е „пациент“ на Вардар

„Црвено-црните" ја продолжија својата позитивна серија и во дуелите со шведскиот првак, 33:25 (19:10) односно сега имаат скор од 7-0, во четвртата сезона во низа во која се соочуваат во групната фаза од најсилното европско клупско натпреварување.

објавено: 22 септември 2018 - 18:59

Во победничка елитна серија влезе македонскиот првак Вардар, кој на првиот меч пред својата публика во новата сезона од Лигата на шампионите со 33;25 (19:10) го совлада вториот противник во групата А, Кристијанштад.

„Црвено-црните“ ја продолжија својата позитивна серија и во дуелите со шведскиот првак, односно сега имаат скор од 7-0, во четвртата сезона во низа во која се соочуваат во групната фаза од најсилното европско клупско натпреварување.

Иван Чупиќ со седум гола и Вуко Борозан со пет погодоци, како и голманот Дејан Милосављев со 11 одбрани со фантастична поддршка од одбранбената линија без доволни за се да биде решено по само 30 минути игра.

Фузиозно влегоа вардарци во мечот Кристопанс и Борозан „решетаа“, Милосављев бранеше, а Дибиров крадеше и носеше лесни голови од контра. За само шест минути Вардар имаше серија од 6-0, која ја зголеми на 8-1, односно 10:2 во средината на полувремето.

Цели седум минути Кристијанштад не можеше да го види вардаровиот гол. Одбраната одлично функционираше, а секој играч на Парондо беспрекорно си ја заврши својата задача.

На двапати имаа „црвено-црните“ и двоцифрена предност, 15:5, односно 18:8, а со 19:10 заминаа на полувремето. По ваквиот прв дел, продолжението беше само рутина за Вардар.

Парондо го користеше секој играч кој го имаше на располагање, константно ротираше во поставата, а македонскиот првак без проблем држеше темпо и предност од осум до 11 гола (22:11, 30:19).

Јасно му беше и на Кристијанштад дека нема што да бара во Скопје, но до крај се бореше да го ублажи поразот, 33:25.

Во следното коло Вардар му гостува на Веспрем, односно на екс-вардарците Дејан Манасков и Арпад Штербик.

 

Најново во Ракомет