ЕХФТВ ГО ОДБРА НАЈДОБРОТО

Дибиров во дрим-тимот, „џиновскиот“ цепелин во изведба на Кристопанс во Топ 5 погодоци (ВИДЕО)

Вардар на гостувањето кај Рајн Наркар славеше со 30-27 во рамките на 10. коло во Лигата на шампионите и направи важен чекор кон одбрана на второто место на табелата во група А. 

објавено: 11 февруари 2019 - 08:09

Ракометарите на Вардар демонстрираа моќ на гостувањето кај Рајн Некар. Без Вуко Борозан и Рожерио Мораес во составот, „црвено-црните“ по вторпат сезонава го совладаа бундес-лигашот, овој пат со 30-27 во рамките на 11. коло во Лигата на шампиони. Со триумфот број седум, Роберто Гарсија Парондо го одбранија второто место на табелата во групата А, имаат еден бод повеќе од следниот противник Веспрем и Келце.

ЕХФТВ го одбра тимот на колото, а во него се најде Тимур Дибиров, кој средбата ја заврши со седум погодоци. Покрај него во идеалниот тим се најдоа уште Винсент Жерар, Михаил Јурецки, Барис Пухоуски, Иван Сршен, Лук Абало и Јаник Колбахер.

Во „САП Арена“ видовме атрактивни погодоци, а еден од нив е прогласен меѓу најдобрите од ЕХФТВ. Станува збор за цепелинот во реализација на Данис Кристопанс, а на асистенција на Игор Карачиќ. Оваа акција на вардарци се најде на четвртото место во Топ 5 листата на најдобри голови, истата можете да ја видите на овој ЛИНК. 

Најново во Ракомет