ГЕРМАНЕЦОТ ЛАНИ ГО ПОЧУВСТВУВА „ПЕКОЛОТ“ ВО СКОПЈЕ

Дисингер: Кил има одлични фанови, но на Вардар се број еден

Новото засилување на Вардар, Германецот Кристијан Дисингер веќе се запозна со тимот во кој треба да остане најмалку две сезони.

објавено: 11 октомври 2018 - 14:15

Германецот Кристијан Дисингер едвај чека да заигра пред фановите на Вардар. Минатата сезона во четвртфиналето со Кил, некоговиот екс-тим беше гостин во „Јане Сандански“, па добро знае каква атмосфера можат да направт навивачите на македонскиот тим. И на двата меча левиот бек не доби шанса. 

Тој за официјалниот сајт на Вардар ги пренесе првите импресии, но и очекувања. 

„По три години поминати во Кил, со сите подеми и падови, среќен сум што Вардар ми дава нова ракометна шанса. Кил има одлични фанови, но навивачите на Вардар се апсолутно број 1 во Европа. Јас навистина со нетрпение очекувам да ја запознаам ова земја, народот, културата, големите навивачи и целиот тим на Вардар. Ќе дадам сè за клубот и се надевам дека можам барем малку да придонесам во успешна сезона, изјави Дисингер.

Левиот бек нема да биде во составот на Вардар за неделното гостување кај Келце, дури во шестото коло во Лигата на шампионите ќе има право на настап. 

Најново во Ракомет