СРЕДНИОТ БЕК НЕ ГО ЗАБОРАВИ ГЛАВНИОТ „ИГРАЧ“

ЦИНДРИЌ: Ти благодарам Македонијо за љубовта и поддршката

„Македонија и луѓето во неа не примија како свои, нас ракометарите кои доаѓаме од надвор и можам само да им заблагодарам на сета љубов и поддршка на сите натпревари и во победите и во поразите“, вели Циндриќ.

објавено: 27 мај 2018 - 18:42

Од Келн,

Марија Ковачева и Весна Николовска

Средниот бек на Вардар, Лука Циндриќ е еден од шестемина „црвено-црни“ ракометари кои нема да ги гледаме следната сезона. Еден од најдобрите ракометари на македонскиот првак, актуелниот најдобар играч на светот од Македонија, Скопје и Вардар се простува само со убави спомени.

„Не знам од каде да почнам. Македонија е местото од каде почнав и во кое стигнав на ова ниво на кое што сум како ракометар, сигурно дека тоа многу ми значи и ќе ја паметам само по убави работи. Македонија и луѓето во неа не примија како свои, нас ракометарите кои доаѓаме од надвор и можам само да им заблагодарам на сета љубов и поддршка на сите натпревари и во победите и во поразите“, вели Циндриќ и додава: Од друга страна, ние, како екипа, многу се зближивме, пред се сме пријатели, а потоа соиграчи и тоа ќе го носам и паметам...“

Од Вардар се збогува со два порази на Ф4 во Келн, но не жали за ништо.

„Им честитам на момците за големата борба, на прекрасните навивачи кои не бодреа од трибините и за феноменалната атмосфера која ја имавме за играње. За жал ниту во мечот за третото место, ниту во полуфиналето не успеавме да победиме, но дадовме се од себе. Така е тоа во спортот, деталите одлучуваат, еден гол и ако лани така славевме во двата натпревари, сега така загубивме"

 

Најново во Ракомет