ИАКО ВАРДАРОВОТО КРИЛО ИМА ШАНСА ДА ДОЈДЕ ДО „ХЕТ-ТРИК“

ЧУПИЌ МОЖЕ ДА ИСПИШЕ ИСТОРИЈА, НО ОСТАНУВА СКРОМЕН: Тимот во прв план, не јас

„Тимот секогаш бил приоритет за мене и би се чувствувал многу посреќен доколку Вардар успее да ја освои титулата втора година по ред и да направи нешто што не успеало никому досега“, потенцира вардаровото крило.

објавено: 24 мај 2018 - 15:28

Вардаровото крило Иван Чупиќ во Келн доаѓа како ракометар кој има шанси да влезе во историјата како прв играч, кој трипати во низа го кренал пехарот во Лигата на шампионите на Ф4 во „Ланксес“ арената.

Лани тоа му успеа со Вардар, година дена претходно со Келце, а сега одново во „црвено-црниот“ дрес може да дојде до „хет-трик“. Но, како и лани, кога стана првиот ракометар, кој ја одбранил шампионската титула, така и сега Хрватот е скромен и верува дека тимот е оној кој треба да биде во прв план, а не неговиот индивидуален успех.

„Ова е шанса за мене да влезам во историјата како прв ракометар кој ја освоил Лигата на шампионите трипати во низа. Но, тимот секогаш бил приоритет за мене и би се чувствувал многу посреќен доколку Вардар успее да ја освои титулата втора година по ред и да направи нешто што не успеало никому досега. Тоа само би потврдило дека Вардар е голем тим и дека оваа генерација на играчи направи нешто што би било недопирливо во блиска иднина“, дециден е Иван Чупиќ.

 

Најново во Ракомет