СТРАТЕГОТ НА МЕТАЛУРГ БАРА ПОДДРШКА

Брестовац: Знам дека сакате резултати, но мора да бидеме трпеливи сите

Металург не успеа до крај да му се спротистави на далеку подобриот и поискусен состав на Бешикташ, на домашен терен беше совладан со 30-22.

објавено: 23 септември 2018 - 19:40

Металург не успеа до крај да му се спротистави на далеку подобриот и поискусен состав на Бешикташ, на домашен терен беше совладан со 30-22. 

Старегот на македонскиот вицепрвак, Данило Брестовац е свесен дека со млад тим резултатите подоцна доаѓаат, токму затоа побара трпение и секако поддршка. 

„Ништо изненадувачко на овој дуел од Бешикташ. Искуството на Прибак, Доне, Толга го канализираа на најдобар можен начин. Се работи за одличен тим. Сега се чувствувам како некое мало дете што допрва вади заби, а никако да ги извади. Имавме добри моменти низ мечот, но и повеќе лоши моменти. Со младите мора да се биде трпеливи, мораме да изградиме добра база, добар тим и да го комплетираме ростерот со двајца тројци странци. Знам дека сакате резултати, но мора да бидеме трпеливи и вие и ние. Би ве замалил да не поддржите во таа наша намера, а од тоа корист нема да има само Металург, туку и репрезентацијата", изјави Брестовац.

Најново во Ракомет