ХФ ОБЈАВИ КОЈ ЌЕ БИДЕ „МЕЧ НА НЕДЕЛАТА" СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ

Барса и Вардар во „епицентарот" на 17 ноември

Лигата на шампионите ќе „одмора" во следните три недели, односно поради репрезентативните обврски групната фаза ја има својата стандардна пауза.

објавено: 18 октомври 2018 - 20:15

Лигата на шампионите ќе „одмора" во следните три недели, односно поради репрезентативните обврски групната фаза ја има својата стандардна пауза. Сепак ЕХФ не мирува и ги најави четирите „меч на неделата" за викендите во ноември.

Секако, неизвежен дуел кој ќе биде во центарот на вниманието е судирот на Барселона и Вардар закажан на 17 ноември (18 часот), во „Блауграна". Во редовите на каталонскиот гигант сезонава нема македонски интернационалци за дополнителен мотив за интересност, но фактот дека играат Барса и Вардар е доволен сам по себе, по сето она што го видовме во нивните меѓусебни дуели во изминатите неколку сезони.
За ЕХФ овој натпревар е „вистински тест за двата тима на нивните амбиции за титулата"

Најново во Ракомет