ПО СОМНЕЖИТЕ ДЕКА ИМАЛО НЕШТО СОМНИТЕЛНО ВО ЕРЕВАН

Балкански ПРАВИЛА...

Само кај нас, на Балканот, кога некој ќе доживее убедлив пораз или загуби сензационално, се обвинува дека намерно загубил. Затоа овој дел од Европа е најзаостанатиот на Стариот Континент и во него владее примитивизам, „СЕЉАЧИЗАМ“ што би рекол славниот Чиро Блажевиќ

објавено: 17 октомври 2018 - 19:00

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Има една приказна која се шири како тоа некои го сфаќаат спортот, „местенките", пуштањето, со еден збор се она што е далеку од фер - плејот.
А тоа е дека кога Роџер Федерер ќе загубел од некој анонимус, неговите фанови од Швајцарија се прашувале да не е случајно болен нивниот тениски ас, веројатно и затоа загубил. Во Србија пак ако Новак Ѓоковиќ сензационално загуби тогаш неговите сограѓани го обвинуваат Ноле дека тој го наместил тој меч.

Е тоа се тие БАЛКАНСКИ ПРАВИЛА...

Ова го велиме од аспект дека само ние од овој дел на Европа, во било што гледаме нешто сомнително, наместено, пуштено. Тоа што го пишуваат по ФБ фудбалските фанови и не е толку важно, секој има право да си каже што мисли, ама еден од најчитаните портали во БиХ, да се сомнева па дури и да обвинува дека имало нешто матно или сомнително во Ереван е тоа е премногу. Нека се вратат малку со мислите како нивниот Асмир Беговиќ бранеше за Челзи, кога примаше голови низ „уши" што се вели. Дали тој Беговиќ тогаш пушташе.
Тој балкански примитивен дух веројатно никогаш нема да исчезне од овие простори. Во се гледаме лошо, катастрофично, наместено, за се некој друг ни е виновен. И не само во БиХ, така е и во Македонија, Србија и другите најзаостанати земји на Стариот Континент.

Тоа се тие БАЛКАНСКИ ПРАВИЛА...

А, да. Така се викаше филмот на Дарко Бајиќ во кој не се знаеше кој кого убива, кој на кого му е душман, или кој кого е....а, и кој во кого се сомнева.

Типично балкански, типичен СЕЉАЧИЗАМ... што би рекол славниот Чиро Блажевиќ.

Најново во Ракомет