ГОЛЕМИОТ БОРЕЦ БЕШЕ ГЛЕДАЧ ВО ПОСЛЕДНИОТ ВАРДАРОВ МЕЧ

АБУТОВИЌ: Мене ми беше потешко на клупата отколку на оние на теренот

„Сакавме одново да испишеме историја, а ни се случија два порази во два дена. Не сме навикнати на порази“ - коментира дефанзивецот.

објавено: 27 мај 2018 - 17:56

По седум години во дресот на Вардар, главниот дефанзивец на „црвено-црните“ Илија Абутовиќ последниот меч го следеше од клупата. Поради повреда на мускулот на потколеницата тој не можеше да им помогне на соиграчите во мечот за третото место со ПСЖ.

„Тешко, беше многу тешко последниот меч да го следам на клупата. Не сум навикнат да гледам натпревар, кој е толку важен. Мислам дека мене ми беше потешко на клупата отколку на оние на теренот“, потенцираше Илија Абутовиќ и продолжи:

„Не знам што да кажам. Жал ни е на сите, тешко ни е... Сакавме одново да испишеме историја, а ни се случија два порази во два дена. Не сме навикнати на порази... Тешко ни падна на сите ваквиот расплет.“

Абутовиќ во следните две сезони ќе му биде соиграч на македонскиот репрезентативец Филип Талески во германскиот тим Рајн Некар Левен.

Најново во Ракомет