РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ БЕК ПРЕД РАЗДЕЛБА СО „СИНО-БЕЛИТЕ“!

Кузмановски не отпатува со Металург, побарал раскин на договорот во РФМ!

Не отпатува со тимот за новиот натпревар во СЕХА Газпром лигата против екипата на Мешков Брест (Белорусија).

објавено: 4 септември 2018 - 14:14

Филип Кузмановски заминува од Металург, поднел барање до РФМ за раскина на договорот со својот сегашен клуб. Капитенот долго време е незадоволен од условите кои ги нудат челниците, како и од нередовното земање на платите. 

Клубот од Автокоманда има заостанат долг, од минатата година му должи не само на репрезентативецот, туку и на останатите играчи.Откако Кузмановски не успеал да најде заедничко решение со газдата Минчо Јорданов, одлучил правдата да ја бара во РФМ и да си најде нов клуб. За неговите услуги претходно беше заинтересиран Магдебург, но бундеслигашот се откажа да го земе веднаш поради преголема отштета. Сега веќе ќе може да го има во тимот, доколку желбата е обострана.

 

Најново во Ракомет