НОВА ТИТУЛА ВО КАРИЕРАТА НА МАКЕДОНСКИОТ РАКОМЕТАР

Кире Лазаров и Нант со трофејот на „Шпаркасе Куп“

Францускиот клуб дојде до првиот трофеј оваа сезона, откако го освои првото место на меѓународниот турнир „Шпаркасе Куп" во Штутгарт, Германија.

објавено: 12 август 2018 - 20:23

Нант во текот на денешниот меч славеше со минимален резултат 27:26 (16:13) над Гепинген и во победничка атмосфера влегува во новата натпреварувачка сезона.

Претходно екипата успеа да оствари уште две победи, односно ги совлада уште Есбјерг од Данска и бундеслигашкиот клуб Штутгарт.

Следен предизвик за македонскиот ракометар Кирил Лазаров ќе биде „Трофејот на шампионите" на почетокот од наредниот месец. Ова е Супер куп на Франција кој лани го освоија Французите.

Најново во Ракомет