КАДЕТСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ НА МАКЕДОНИЈА

Каковски потпиша нов договор со Еурофарм Работник

Кадетскиот репрезентативец на Македонија и еден од најперспективните ракометари на Еурофарм Работник, Бобан Каковски ќе остане во клубот до 2021 година.

објавено: 14 август 2018 - 11:43

Потпиша нов тригодишен договор и ќе продолжи да се развива во битолскиот суперлигаш. Обострано беше задоволството за продолжувањето на соработката, а со овој потег клубот покажа дека верува во талентираните млади ракометари.

Претходно Еурофарм Работник доведе четири нови ракометари, тренерот Ѓорѓе Чирковиќ и ги продолжи договорите со некои од клучните ракометари.

Првиот официјален натпревар во подготвителниот период, Еурофарм Работник ќе го одигра в среда во рамките на Струшкиот турнир и ќе се сретне со словенечкиот Целје.

Најново во Ракомет