МАКЕДОНСКИТЕ РАКОМЕТНИ НАДЕЖИ ИМААТ „ПЕТ ОД ПЕТ“

Против Белорусија за финале на ЕХФ шампионатот

В сабота македонската машка кадетска ракометна репрезентација ќе игра против Белорусија во полуфиналето на ЕХФ шампионатот.

објавено: 16 август 2018 - 18:58

Нашата селекција го освои првото место во својата група, а во другата Белорусија дојде до втората позиција откако загуби од Италија со 27:22.

Па така, за пласман во големото финале од 17:15 часот избраниците на селекторот Данило Брестовац ќе играат против Белорусите.

Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат селекциите на Швајцарија и Италија од 15:00 часот.

Македонија во групната фаза имаше победи по ред, славејќи против Литванија (32:30), Луксембург (31:25), Фарски Острови (30:29), Швајцарија (32:31) и Естонија (26:22).

Најново во Ракомет