РНЛ ЈА ОПРАВДА ФАВОРИТСКАТА УЛОГА

„САП Арена“ и Талески се радуваа по Вардар

„Лавовите" на домашен терен го совладаа Бергишер со убедливи 26-20 во рамките на 20. коло во Бундес-лигата. 

објавено: 9 февруари 2019 - 22:22

Три дена по поразот од Вардар во Лигата на шампионите, Рајн Некар се рехабилитирше во Бундес-лигата. „Лавовите“ на домашен терен го совладаа Бергишер со убедливи 26-20 и остнаа на третото место во домашниот шампионат, по 20 коло имаат три бода помалку од Кил и седум од лидерот Фленсбург.

Рајн Некар до триумфот дојде благодарение на добрата игра во првото полувреме, во кое имаше позитива од шест гола (15-9).

Македонскиот репрезентативец, Филип Талески средбата ја заврши со два гола од пет обиди, зад своето име запиша и една асистенција.

 

Најново во Ракомет