УСПЕШЕН СТАРТ ВО НОВАТА СЕЗОНА ВО ГЕРМАНИЈА

Ратинген „македонски“: Лазаров распука, „Диви“ одбрани 5 пенали!

Во регионалната ракометна лига на Германија (Север), составот на Ратинген триумфираше со резултат 25:31 против екипата на Коршенброх.

објавено: 9 септември 2018 - 15:00

Во тимот на Ратинген настапуваат вкупно тројца македонски интернационалци, голманот Петар Ангелов, дефанзивецот Ацо Јоновски и левиот бек Филип Лазаров.

Одлична партија во гостинскиот триумф имаше Ф. Лазаров кој беше втор стрелец со седум голови.

Јоновски секако е задолжен во делот на одбраната, додека голем придонес имаше и нашиот чувар на мрежата, „Диви" кој успеа да запре дури пет пенали на противникот.

Германските медиуми со пофалби за македонските ракометари, иако бавен Лазаров беше нерешлива енигма за ривалите и покажа зошто е член на нашата репрезентација, додека Ангелов уште еднаш го покажал својот квалитет, како поранешен освојувач на ЛШ со Вардар.

Најново во Ракомет