ГЕРМАНСКИОТ ТИМ ГИ СОБРА НАШИТЕ РАКОМЕТАРИ

ПРОМОВИРАН ТРЕТИОТ МАКЕДОНЕЦ: Ратинген го претстави Лазаров

Левиот бек е третиот Македонец по дефанзивецот Аце Јоновски и голманот Петар Ангелов кој ќе го носи дресот на овој клуб.

објавено: 8 август 2018 - 11:00

Македонскиот репрезентативец Филип Лазаров е последното засилување за бундеслигашот Ратинген.

Најавата на неговата промовиција беше пред месец дена, а денеска, конечно Лазаров го имаше и официјалното претставување.

Левиот бек е третиот Македонец по дефанзивецот Аце Јоновски и голманот Петар Ангелов кој ќе го носи дресот на овој клуб.

„За нас е голема чест што играч како Филип Лазаров се одлучи да ни се приклучи. Голема благодарност до Аце Јоновски кој многу помогна овој трансфер да се реалзира", изјави менаџерот на клубот.

Македонското трио треба да му помогне на клубот да се избори за место во повисок ранг на натпреварување, а Јоновски – Лазаров и Ангелов и тоа како можат да понудат многу на тимот.

Интересно е што Лазаров и популарниот Диви одново ќе ги обединат силите откако претходно заедно беа дел од шампионскиот тим на Вардар.

Лазаров ланската сезона ја мина во редовите на Бешикташ, претходно настапуваше за романски Темишвар, како и ПЛЕР во Унгарија. Во Македонија го има носено дресот на Металург, Вардар и Пелистер, а сега неговата кариера добива и бундеслигашка димензија.

 

 

Најново во Ракомет