Жарко Пешевски одлично ја започна својата „авантура“ со Мотор Запорожје. Пред стартот на сезоната, со својот нов тим го освои и Супер-купот на ЗТР Запорожје 34-28 (17-15), што пак е прв официјален пехар. Пешевски мечот против еден од најголемите ривали во украинското првенство постигна три гола.
За пикерот и Мотор претходно во рамките на подготовките за новата сезона го освоија и „Дњепар Куп“.