„ЛАВОВИТЕ“ ВО ОДЛИЧНА ФОРМА ПРЕД СТАРТОТ НА ЛШ

ОДЛИЧНА ИГРА НА РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ: Талески и Рајн Некар не се шегуваат

Македонскиот репрезентативец, Филип Талески и РНЛ ја остварија четвртата победа во низа во Бундес-лигата, на гостувањето кај Битигхајм славеа со убедливи 31:26. 

објавено: 9 септември 2018 - 17:58

Рајн Некар е во одлична форма. По четири кола во Бундес-лигата има исто толку победи, која од која поубедлива. Последниот триумф „лавовите“ го остварија на гостувањето кај Битигхајм каде славеа со убедливи 21-36 (11-20).

Македонскиот репрезентативец, Филип Талески го одигра најдобриот меч од стартот на сезона, постигна три гола од исто толку обиди.

По четвртото коло, РНЛ е на врвот со максимален број на поени, исто колку и Магдебург и Фленсзбург.

Најново во Ракомет