МАКЕДОНСКИОТ ДУЕЛ ВО ФРАНЦИЈА ЗА КАПИТЕНОТ

НЕВЕРОЈАТЕН МЕЧ: По дури 28 пенали, Лазаров го победи Раул за утешното трето место

ПСЖ и Нант одиграа одличен и неизвесен натпревар, победникот беше решен по изведување на дури 28 удари од седум метри. На крајот триумфот го однесе Кирил Лазаров и неговиот тим, славеа со 46-45.

објавено: 2 септември 2018 - 15:32

Нант и Кирил Лазаров го освоија третото место на францускиот Супер-куп, откако по 28 изведени пенали го совладаа ПСЖ со 46-46. 

ПСЖ имаше подобри минути од Нант, во првото полувреме водеше со 10-7 и 18-17, на одморот замина со позитива од 20-18. Избраниците на Раул Гонзалез имаа одличен вовед во второто полувреме, со серија од 5-0 дојдоа на плус пет (23-18). Кирил Лазаров и неговите соиграчи не паднаа, во иста мера вратија за 23-23, до крајот се водеше вистинка битка, која мораше да биде решена по изведување на две серии на пенали, регуларниот дел заврши со резултат 34-34.

ПСЖ и овој пат немаше среќа, победата ја однесе Нант, по голот на Кире за 45-46, Сагосен промаши.

Капитенот на македонската репрезентација беше сигурен реализатор, на удари од седум метри, погоди трипати во продолжението, а претходно имаше пет гола од истио толку обиди.

 

 

Најново во Ракомет