НАШЕТО ЛЕВО КРИЛО СО НОВА ДОБРА ПАРТИЈА ВО УНГАРИЈА

Манасков втор стрелец, Веспрем го „прегази“ Егер!

Во најсилниот унгарски шампионат Веспрем и во третиот меч славеше нова победа овојпат на гостувањето кај Егер (22:41).

објавено: 18 септември 2018 - 20:05

Свој придонес во освојувањето на бодовите имаше македонскиот интернационалец Дејан Манасков кој постигна четири голови. Истиот учинок го имаа уште Илиќ, Кент Тонесен, Акамбре и Мае.

Повеќе од нив имаа само Нилсон и Благотиншек кои по пет пати се запишуваа во листата на стрелците.

На првото место на табелата е Пик Сегед со осум бодови, но напомена дека овој клуб има меч повеќе во однос на второпласираниот Веспрем (шест).

Најново во Ракомет