ПОЧНА ФРАНЦУСКИОТ ШАМПИОНАТ

Лазаров и Гонзалез убедливи на стартот

Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров и селекторот, Раул Гонзалез со победа ја отворија новата сезона во францускиот шампионат. 

објавено: 5 септември 2018 - 22:24

Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров и селекторот, Раул Гонзалез со победа ја отворија новата сезона во францускиот шампионат.

Лазаров и Нант беа подобри од Понто со 32-22, нашиот најдобар ракометар мечот го заврши со еден погодок од четири обиди. Раул Гонзалез пак и неговиот ПСЖ на домашен терен го декласираа Иври совладувајќи го со 38-21.

Првото коло ќе го затвори европскиот првак Монпелје игра против Екс, дуелот е закажан за утре. 

Најново во Ракомет