ШОК ЗА УНГАРСКИОТ ВИЦЕПРВАК ВО ДОМАШНОТО ПРВЕНСТВО

Ладен туш за Веспрем и Давид Дејвис од Татабања

Прв пораз за Веспрем и Дејан Манасков во унгарското првенство. 

објавено: 17 октомври 2018 - 22:13

Само неколку дена по големиот триумф на гостувањето кај Монпелје во ЛШ, Веспрем доживеа шок во унгарскиот шампионат. Тимот за кого настапува Дејан Манасков, а го предводи Давид Дејвис на гостувањето кај Татабања беше поразен со 26-24 (13-13) во рамките на седмото коло.

Ова беше прв пораз за Дејвис по доаѓањето на кормилото на Веспрем, кој исто така за првпат е поразен сезонава во тамошното првенство и со скор од четири победи се најде на четвртото место на табелата. 

 

 

Најново во Ракомет