СО ПОБЕДА ЈА ОТВОРИЈА НОВАТА СЕЗОНА

И БЕЗ ШТЕРБИК СЕ ОПАСНИ: Манасков и Веспрем тргнаа фуриозно

Веспрем со убедлива победа ја отвори новата сезона во унгарскиот шампионат, на домашен терен го совлада Чурго со 32-17.

објавено: 5 септември 2018 - 20:10

Веспрем и без Арпад Штербик на голот делува страшно. Искусниот чувар на мрежата беше поштеден на првиот меч од новата сезона во унгарскиот шампионат, но тоа не се одрази врз играта. Тимот за кого настапува македонскиот репрезентативец на домашен терен очекувано го совлада Чурго (32-17).

Дилеми околу крајниот победник немаше, Веспрем уште на стартот го наметна своето темпо, на полувремето веќе имаше комотни шест разлика 17-11.Нашиот репрезентативец, Манасков беше стрелец на четири гола.

  

Најново во Ракомет