Од Подгорица во Романија

Елена Ѓорѓиевска заминува во романска Баја Маре

За романскиот тим таа потпиша едногодишен договор и на лето ќе им се приклучи на новите клупски колешки.

објавено: 2 март 2014 - 02:22

Десниот бек на женската сениорска репрезентација на Македонија, Елена Ѓорѓиевска по три сезони минати во Будуќност, заминува во Романија во екипата на Баја Маре. За романскиот тим таа потпиша едногодишен договор и на лето ќе им се приклучи на новите клупски колешки.

Со црногорскиот тим Ѓорѓиевска освои се што можеше, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите пред две сезони. Во Подгорица замина како надежна ракометарка која треба да „експлодира“ на позицијата десен бек, но повредите ја оневозможија да го оправда епитетот на големо засилување. Токму таа позиција е најдефицитарна во Будуќност, па управата сака да ја врати Катерина Булатовиќ од Ѓер, што значи дека нашата репрезентативка ќе треба да ја грее клупата.

Баја Мара прави силен тим со намера да игра во Лигата на шампионките, а не да биде само статист. И Букурешт создава силна екипа, и веќе потпиша со неколку Бразилки од Хипо кои исто така треба од следната сезона да бидат големи засилувања.

Сезонава Ѓорѓиевска постигна девет гола за Будуќност во ЛШ, а на последните четири во главната фаза во февруари и март, ниту еднаш не ја затресе противничката мрежа.

Најново во Ракомет