МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ МЕЃУ ДИРЕЦИТЕ НА БУНДЕСЛИГАШОТ

Цветковски на голот на Вецлар

Чуварот на мрежата ја официјализираше соработката со договор на "една плус една" година

објавено: 17 август 2018 - 16:35

Македонски репрезентативец Јане Цветковски е нов голман на бундеслигашот Вецлар.

Цветковски преговараше со клубот, успешно ги мина лекарските прегледи, а откако финишираа и административните пречки (добивање на работна виза) неговиот трансфер е официјален.
Чуварот на мрежата потпиша договор на една плус една година.

"Среќен сум и задоволен. Ова е остварување на сонот. Ќе бидам дел од одличен клуб со прекрасни луѓе за соработка и со најдобриот тренер на голмани, Јасмин Самџиќ", потврди за "СПОРТМЕДИА" Јане Цветковски.

Најново во Ракомет