ПРОДОЛЖУВААТ ВО ПОБЕДНИЧКИ РИТАМ, ГО ДРЖАТ ВРВОТ

„Четворка“ на Лазаров, Гонзалез двапати не греши

И по третото коло во францускиот шампионат, Нант и ПСЖ се без пораз.

 

објавено: 20 септември 2018 - 22:20

Кирил Лазаров и Раул Гонзалез го комплетираа третото коло во францускиот шампионат, Нант односно ПСЖ ја запишаа третата победа сезонава и ја продолжија битката за првото место на табелата, заедно со Монпелје, Ним и Шамбери.

Капитенот на македонската репрезентација и неговиот тим на гостувањето кај Иври славеа со 32-24 (10-12). Лазаров мечот го заврши со четири погодоци од седум обиди.

ПСЖ му се одмазди на Сент Рафаел за поразот во полуфиналето во „Трофејот на шампионите“ на почетокот на овој месец совладувајќи го со 32-29. Шпанскиот стратег, Раул Гонзалез не дозволи нов кикс, неговите момци доминираа во текот на целиот меч, на полувремето имаа предност од шест гола (19-13).

За двата тима ова беше одлична подготовка пред продолжението во Лигата на шампионите. 

Најново во Ракомет