Нант им се врати на победите

5 гола на Лазаров за осма сезонска победа на Нант

Нашиот најдобар ракометар погоди 5 пати во голот на Екс од 11 обиди.

објавено: 15 ноември 2018 - 22:20

По поразот од Шамбери во минатото коло, ракометарите на Нант им се вратија на победите во француското првенство. Вечерва тимот предводен од нашиот најдобар ракометар Кирил Лазаров оствари победа на гостувањето кај Екс со 29-25.

Лазаров одигра добар меч за гостите постигнувајќи 5 гола во 11 обиди. Со оваа победа екипата на Нант се приближува до водечкиот Шамбери, очекувајќи го шампион ПСЖ кој засега има се уште два меча помалку од конкурентите за врвот.

Најново во Ракомет