МАКЕДОНСКАТА РАКОМЕТАРКА ЛАНИ ИГРАШЕ ВО ПОЛСКА

Ги одби Шпанија и Словенија: Стојановска со трансфер во Наиса Ниш!

Минатата сезона настапуваше за полскиот тим на Погон каде што имаше солидна минутажа, а од финансиски аспект била максимално испочитувана.

објавено: 2 септември 2018 - 13:20

Симона Стојановска доаѓа во редовите на српскиот клуб Наиса Ниш, адут за нови битки на три фронта.

Таа тренира ракомет од својата деветта година, беше дел од школата на Индира Кастратовиќ, играше две сезони за Вардар само во шампионатот и Купот.

„Освоив две шампионски титули и два трофеи во Купот. Во Лигата на шампионите одиграв само еден натпревар против Подравка и чувството беше феноменално. Покрај мене играа многу европски ѕвезди, имав што да научам", рече Стојановска.

Кон средината на јули имала понуди од Шпанија и Словенија, и додека размислувала дојде повикот од Наиса.

„Ниш е оддалечен 200 километри од мојот дом, сакам да бидам поблиску до семејството и одлучив да бидал дел од Наиса. Одлично ме прифатија новите тимски колешки, тренерот е одличен, а Ниш е преубав град", додаде Стојановска.

Најново во Ракомет